Немањето став повеќе од една недела за францускиот предлог за решавање на односите меѓу Бугарија и РС Македонија ги влоши работите, вели пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
Таа се осврна и на отфрлањето на францускиот предлог од страна на Македонија.
-Ова е уште еден доказ дека оваа преговарачка рамка и постигнатиот пакет се добри. Ова не е првпат македонските политичари да си играат и да се обидуваат да ги свртат рацете. Првично имаше остра реакција од опозицијата, имаше огромни протести на ВМРО-ДПМНЕ. Сега е видливо од страна на владеачката партија, што се засили по изјавата во средата на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов дека ќе го поддржи францускиот предлог, рече поранешната министерка за надворешни работи.
Коментирајќи ја ситуацијата во Македонија, Захариева истакнала дека транзицијата кон функционална демократија не е лесен процес.
-Ова е уште еден доказ дека бевме во право кога во март 2020 година одлучивме дека за да се случат реформите во Македонија, тие мора да станат дел од преговарачкиот пакет. Сакаат, не сакаат, властите во Скопје ќе мора да ги спроведат ако навистина сакаат да влезат во ЕУ, додала таа.