Вашингтон е виновен за актуелната ситуација на Блискиот Исток, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
– Ова нема да придонесе за постигнување мир. Ако некој е виновен за сегашната ситуација и неможноста на ОН да го кренат својот глас, тоа е Вашингтон, кој блокираше неколку нацрт-резолуции на Советот за безбедност на ОН и со своите несмасни постапки повторно ги поткопа дипломатските напори – објасни таа за „RTVI“.
Да потсетиме, Иран во вторникот изврши ракетен напад врз цели во Израел како одговор на израелските напади врз Либан и убиството на лидерите на Хезболах и Хамас.
Потоа, израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го прогласи генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за персона нон грата и му забрани влез во земјата. Како што беше соопштено, таа одлука е донесена во позадина на реакцијата на Гутереш на нападот на Иран врз Израел, во кој тој не го осуди јасно нападот.