Захарова: Борел призна дека украинскиот конфликт е поддршка за желбата на САД да остане хегемон

Захарова посочи дека актуелната улога на ЕУ е „покорно да снабдува со муниција купена со парите од даноците на сопствените граѓани, кои никогаш не биле прашани за мислење.“

од Бети Божиноска
231 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, прв пат призна дека Западот не може да ѝ дозволи на Русија да победи во конфликтот со Украина зашто тоа ќе ги осуети амбициите на САД да останат глобален хегемон, истакна денеска портпаролката на руското Министерство за надворепни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС.

„Ова е прв случај претставник на западниот режим да ја каже вистината за она што се случува. Тука не станува збор за ‘љубов кон Украинците’ што Западњаците практично целосно ги уништија. Станува збор за желбата на САД да ја одржат својата хегемонија, да ја зачуваат својата избледена улога во глобалните работи,“ истакна Захарова на својот канал на „Телеграм“.

Захарова додаде дека „претходниот американски пристап на барање конструктивни решенија во меѓународните односи исчезнал без трага.“

„Либералдемократите знаат само како да ги уништуваат нештата, верувајќи дека таа способност им обезбедува гаранција за бесконечна доминација,“ нагласи таа.

Захарова посочи дека актуелната улога на ЕУ е „покорно да снабдува со муниција купена со парите од даноците на сопствените граѓани, кои никогаш не биле прашани за мислење.“

Коментарите на руската дипломатка се реакција на интервјуто на Борел кај Кристијан Аманпур на Си-ен-ен, во кое тој признава дека „САД и Европа не смеат да ѝ дозволат на Москва да го победи Киев и тука не станува збор за љубов кон Украинците туку затоа што тоа им служи на геополитичките интереси на западните сојузници.“

„Не можеме да ѝ дозволиме на Русија да победи во оваа војна. Во спротивно, интересите на САД и на Европа ќе бидат сериозно загрозени. Не станува збор само за великодушност. Не станува збор за поддршка за Украинците затоа што го сакаме украинскиот народ. Тоа нам ни е од интерес. И во интерес е на САД како глобален играч,“ рече Борел.

Слични содржини