(видео)Борел призна: ЕУ не ја поддржува Украина од љубов, туку поради сопствените интереси

Не можеме да ѝ дозволиме на Русија да победи во оваа војна. Во спротивно, интересите на САД и на Европа ќе бидат сериозно загрозени, вели тој.

од Бети Божиноска

САД и Европа не смеат да ѝ дозволат на Москва да го победи Киев и тука не станува збор за љубов кон Украинците туку затоа што тоа им служи на геополитичките интереси на западните сојузници, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервјуто со Кристијан Аманпур за Си-ен-ен.

„Не можеме да ѝ дозволиме на Русија да победи во оваа војна. Во спротивно, интересите на САД и на Европа ќе бидат сериозно загрозени. Не станува збор само за великодушност. Не станува збор за поддршка за Украинците затоа што го сакаме украинскиот народ. Тоа нам ни е од интерес. И во интерес е на САД како глобален играч,“ рече Борел.

Одговарајќи на прашањето дали очекува продолжување на поддршката од САД за Украина односно дали Европа ќе биде принудена да ја пополни прзнината во залихите од гранати и оружје, Борел рече дека ЕУ се труди да му испрати што поголема помош на Киев и таа да стаса што поскоро, но и дека Американците сепак ќе одобрат дополнително финансирање.

„САД имаат огромен интерес да ја поддржат Украина. Во спротивно, Русија ќе добие кард блаш. И знаеме што ќе следи потоа. Знаеме што ќе добиеме ако на Русија ѝ дадеме кард бланш. Се сеќавате на Крим, на Сирија?“ прецизираше Борел и додаде дека Западот мора да покаќе цврст став, самодоверба и вистинска волја да ја поддржи Украина.

Слични содржини