Захарова ја спореди средбата меѓу Вучиќ и Трамп со сцена од филмот „Ниски страсти“

од Vladimir Zorba
303 прегледи

По посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Вашингтон и средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше и портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија

Имено, Марија Захарова на својот Фејсбук профил објави фотографија од претседателот на Србија од Белата куќа, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“.

„Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седете како на фотографијата бр. 2, кој и да сте. Верувајте ми“, напиша таа.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, во Белата куќа потпишаа договори со претседателот на САД, Доналд Трамп, за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

https://www.facebook.com/maria.zakharova.167/posts/10224148174881794