Захарова упати шест прашања до Берлин во врска со Навални

од Nikola Popovski
507 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова му поставила неколку прашања на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во врска со доцнењето во предавањето на информациите за состојбата на Алексеј Навални на Москва.

На својот Фејсбук профил таа се осврнала на изјавата на германскиот министер дека Берлин одамна одобрил Москва да ѝ предаде информации за Навални, но дека прегледите на пациентот на клиниката сè уште траат.

Коментирајќи ја изјавата на шефот на германската дипломатија, Захарова истакнала дека има неколку прашања до германското Министерство за надворешни работи, пренесува порталот „Спутник“.

СМИ: «Власти Германии давно уже дали добро на удовлетворение запроса о правовой помощи со стороны России по Алексею…

Публикувахте от Maria Zakharova в Неделя, 6 септември 2020 г.

Како што е наведено, таа го прашала Мас зошто се објавуваат политички изјави во јавноста, ако сеуште се вршат прегледи, зошто политичарите, а не претставниците на полицијата и лекарите во Германија зборувале за истрагата и дијагнозите и зошто не започнала размената на информации и практичната работа на експерти, кои се надлежни по ова прашање.

Захарова го прашала германскиот министер за надворешни работи и кои фактички податоци германската страна ги презентирала на партнерите во НАТО и ЕУ, кога руската амбасада во Берлин ќе може да добие официјални одговори на бараната информација со цел да и ги предаде на Москва и зошто Германија не ги открива податоци, врз кои се повиува.

Руското обвинителство и полицијата ги започнале своите истраги на првиот ден од хоспитализацијата на лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, во Омск на 20 август, а руското обвинителство побарало од Германија да објави информации за испитувањата и прелиминарните дијагнози на рускиот опозиционер.

Слични содржини