Захарова: Западот води однапред испланирана кампања со цел да ја спречи Русија

од Vladimir Zorba

Западот спроведува претходно планирана информативно-политичка кампања насочена кон спречување на Русија, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа додаде дека Русија „многу години им предлага на своите партнери во ЕУ да ги решат проблемите што се јавуваат со постојните дипломатски средства“.

„Но, секоја година, расте тенденцијата намерно да се дава јавен карактер на сите проблеми – и реални и имагинарни. Секој наш обид да го преточиме во тек на конструктивен дијалог е блокиран од ЕУ“, рече Захарова во интервју за каналот „Спутник“ на ЈуТјуб.

Таа додаде дека сите потези на Русија во врска со санкциите против осум претставници на ЕУ се исклучиво „одмазднички мерки против апсолутно непријателските чекори на колективниот Запад“.

Да потсетиме, Министерството за надворешни работи на Русија вчера објави дека Русија забранува влез во земјата за осум граѓани на земјите од Европската унија и претставници на нејзините официјални структури како одговор на санкциите.

Како што е наведено, во руската „црна листа“ се наоѓаат, меѓу другите, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, шефот на берлинското обвинителство Јорг Раупах и заменик-претседателот на Европската комисија, Вера Јурова.

Слични содржини