Зајкова: Регулирање на ТикТок не значи цензура или помалку демократија

од Nikola Popovski
278 прегледи

Ние сме сведоци што се случува со нашите деца. Македонија исто така имаше човечки жртви од користењето на оваа апликација. Се наметнува потребата од регулирање на просторот и пристапот до игри и апликации кои промовираат насилство. Постојат механизми и алгоритми кои можат да ја детектираат содржината и да ја банираат, изјави претседателката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова околу нејзиниот предлог за забрана на социјалната мрежа ТикТок во земјава.

Зајкова нагласи дека и најлибералните земји во светот, како Канада донеле забрана за користење на ТикТок.

-Треба да направиме проценка како држава во кои закони би се интервенирало, на кој начин би била регулацијата. И сега имаме забрана за пристап до одредени содржини за лица под 18 години, но тоа не функционира. Треба да изнајдеме решение, кажа Зајкова.

Според неа, како земја не треба да седиме со скрстени раце и ништо да не преземаме.

-Не значи дека ако има регулација, ќе значи одредена цензура или помалку демократија, затоа што имаме повисоко добро да заштитиме, рече лидерката на ЛДП на прес-конференција во Собранието.

Слични содржини