221
Денеска во Општина Крива Паланка целосно се евакуирани објектите на основно училиште од градот по претходно добиена дојава за бомба.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово ја потврдија информацијата.
-Денеска, 2 декември 2022, околу 11 часот во СВР Куманово, полициска станица Крива Паланка, било пријавено дека на електронската адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.
Утрово лажни дојави за бомби имаше и во три скопски основни училишта.