Закани за бомби добија и „Џевахир“, „Ист Гејт“ и девет училишта

од Nikola Popovski

Денеска (12.12.2022) околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Според нив, утрово околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во полициското соопштение.

Веќе речиси трет месец како пристигнуваат дојави за бомби во објекти низ земјав. Првата закана беше на 26-ти октомври кога во земјава во посета пристигна шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Сите досегашни пријави беа утврдени како лажни.

Слични содржини