161
МВР утрово информираше дека дојави за експлозивни направи пристигнале на електронските адреси на 31 училиште во Скопје.
-Денеска (01.03.2023) до 08.20 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 31 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од полицијата.
Вчера имаше пријави за бомби во 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје. После спроведените проверки беше утврдено дека сите се лажни.