Закажана седницата за избор на нов претседател на Уставниот суд

од Nikola Popovski
410 прегледи

Денеска во 10 часот е закажана седница за избор за претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, откако на досегашната претседателка Добрила Кацарска ѝ завршува тригодишниот мандат.

Според член 7 од Деловникот Уставниот суд на седница избира претседател од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

-Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува, порачуваат од Уставниот суд.

Слични содржини