Законот за јазици ќе помине на влада ама дилемите се за Уставниот суд и Венецијанската комисија !

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 „Законот ќе помине во Влада  но  сепак тука  се додава и парламентарната дебата, гласањето во парламентот  и секако на крајот проценки за уставноста од страна на Уставниот суд  на РМ  заедно  со препораките на Венецијанската комисија.

 

 Законот за јазиците ќе оди на влада во стоте дена од работата на новиот владин состав – порача министерот за здравство Арбен Таравари. Според него, усогласени се сите страни и нема коалициски пречки за негово разгледување.

„Законот ќе помине во Влада и ќе се испрати во Венецијанската комисија. Така да ние како партија тоа што сме го кажале пред да влеземе во влада, како Движење за реформи во ДПА, тоа го кажавме првиот ден кога влеговме во влада, тоа го кажуваме и сега дека овој закон ќе влезе во првите сто дена од формирањето на новата влада. Нема недоразбирања.

Дали ние ќе ја напуштиме владата, ако не се реализира тоа?

Нема потреба да ја напуштиме владата, координирани сме и тоа ќе помине“, изјави Таравари.

На ова сепак се додава и парламентарната дебата, гласањето во парламентот  и секако на крајот проценки за уставноста од страна на Уставниот суд  на РМ  заедно  со препораките на Венецијанската комисија. Дури потоа ќе може да се заокружат и почнат измените на кои се надева ДУИ и новото парламентарно мнозинство.