Политичката партија Левица поднесе иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици, а од Уставен добија осговор дека предметот е во завршна фаза и очекуваат во најкус можен рок да биде ставен на дневен ред на седница.
Според Левица, станува збор за закон кој доби негативна рецензија од Венецијанската комисија, дека бил илегално прошверцуван во Собранието и дека бил објавен во Службен весник, без потпис на претседателот.
„Политичката партија Левица, како иницијатор за оценување на уставноста на т.н. Закон за двојазичност, доби повратен одговор од Уставниот суд на РМ дека предметот за оценување на овој пропис е во завршна фаза и очекуваме истиот, во најбрз можен рок, да биде ставен на дневен ред на седница на Уставниот суд и да биде поништен со негова мериторна одлука. Да потсетиме, овој контровезен закон, кој беше дел од Тиранската платформа, а кој доби негативна рецензија и од страна на Веницијанската комисија, беше илегално прошверцуван во Собранието на РМ и објавен во Службен весник без потребниот претседателски потпис.
Левица останува да ги користи сите институционални и вонинституционални методи на политичка борба, со цел ставање крај на ова беззаконие“, стои во објавата на нивната официјална страна на Фејсбук.