Законот за ковид-мерките ќе се гласа во 19:30 часот

од Nikola Popovski

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, доцна попладнево поминаа на собраниската Комисија за здравство. Законот пред пратениците на пленарна седница е предвиден да се донесе по скратена постапка, а седницата е закажана за вечерва во 19:30 часот.

За Законот, што се носи по скратена постапка и чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа пет амандмани, а амандмани имаа и Алијанса на Албанците и Алтернатива. Дел од амандманите беа прифатени од предлагачот.

Сепак, во тензична амотсфера со меѓусебни препукувања и префрлања кој е виновен за состојбата со коронавирусот во земјава, помина денешната расправата. Опозицијата побара оставка од министерот Филипче и специјална комисија која ќе се справува со корона-кризата.

Пратениците од власта поднесоа пет амандмани од кои првиот се однесува на задолжително носење маски, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Останатите измени во овој закон вклучуваат да се забрани групирање на повеќе од четворица на јавен простор после 22 часот, како и на домашни прослави и на гости да не можат да присуствуваат повеќе од четворица гости кои не живеат на адресата на домаќинството. Освен власта амандмани имаат поднесено и пратеници од опозициските партии.

Слични содржини