Законот за лекови поминаа во собраниската Комисија за здравство

од Берта Китинска

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства поднесен од пратениците Ненад Коциќ, Кастриот Реџепи, Арбер Адеми, Бети Рабаџиевска Наумовска, Белкиса Зеќири, Емилија Рамбабова, беше поддржан од страна на Собраниската Комисија за здравство

Со предложените решенија ќе се овозможи создавање на законски претпоставки за издавање на одобрение за ставање во промет на вакцините против ковид-19 кога подносителот на барањето нема седиште на територијата на Република Северна Македонија, како и за издавање на условно одобрение за ставање во промет во случај кога барателот кон барањето не ја доставил целокупната документација, согласно членот 20 од Законот за лекови и медицински средства.

Слични содржини