Со десет гласа за и ниту еден против и воздржан собраниската Комисија за европски прашања денеска во прво читање го поддржа Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.
-Со овој закон за попис ќе се стави крај на секој обид за манипулација или искривување на податоците во однос на пописот на граѓаните во земјава врз основа на етничката припадност Сакам да ве убедам дека сите граѓани на Македонија каде и да се наоѓаат, во земјава или во странство, не сме ги изоставиле од овој предлог закон ,изјави Ахим Нухиу – заменик министер за правда.
Најголемата статистичка операција во земјава треба да се организира и да се спроведе во април 2021 година, претходно неколкупати беше одложувана.
Во 2011 година почна да се релизира ваква статистичка операција, но, таа беше прекината.