301
Законот за употреба на македонскиот јазик не е никаков политички договор или диктат, туку заштита на јазикот како нематеријално и духовно наследство. Законот настана како еден вид реакција на се што се случува во однос на јазикот, преголемото присуство на интернационализми, позајмени зборови. Со овој закон се воведува ред, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
-Имаме обврска да одговориме на сите предизвици пред кои стои јазикот. Ако треба поголема законска регулатива, тоа ќе го направиме. Законот беше долго работен со Советот за македонски јазик и целата стручна фела. Во конструктивна дебата имаше предлози, кои беа вградени во законското решение, рече Костадиновска-Стојчевска вечерваво „24 анализа“ на ТВ24.