Законските измени за коридорите и денеска пред пратениците

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Во Собранието и денеска продолжува дебатата за предложените законски измени поврзани со проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.

На пленарна седница треба да продолжи расправата за предложените измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, а во Комисијата за европски прашања за измените на Законот за експропријација.

И во вчерашната дебата во Собранието доминираа критиките од опозицијата, за нетранспарентност поради необјавениот Договор со изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“,  за злоупотреба на европското знаменце за постапката за носење на законите бидејќи не се дел од реформските процеси, за вредноста на проектот која тврдат дека ќе надмине две милијарди евра.

Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска, со измените и дополнувањата на законот за урбанистичко планирање ќе да се овозможи забрзана реализација на градби од стратешки карактер како што се државни патишта, железници, пруги, магистрално гасоводи.

Љупчо Балковски од ВМРО-Народна партија истакна дека со урбанистички проект се постигнува започнување на побрзо градење, меѓутоа, како што рече, после ќе ги имаме проблемите во делот на застојот на градењето, во делот на решавањето на работите на лице место, односно во градежништвото се викаат непредвидени работи и тогаш настануваат најголемите проблеми кои што ќе ги има Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.

-Тие ќе мораат да се решат на лице место. Ќе стои механизацијата, а автоматски поскапува и градбата, рече Балковски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера повторно ги повика пратениците да застанат за предложените измени на  законот за урбанистичко планирање бидејќи со нив ќе се овозможи забрзана реализација на градби од стратешки интерес за изградба на државни патишта, железнички пруги, магистрални гасоводи како и други градби од јавен интерес.

Слични содржини