Заладување на односите: Кралицата не ѝ го честиташе роденденот на Меган Маркл

од Stefanija Kuzmanovska

На официјалните профили на Инстаграм и Твитер на кралското семејство оваа година не беше објавена роденденска честитка за Меган Маркл, која наполни 41 година на 4 август. Наместо тоа, беа објавени фотографии од принцезата Ана во посета на Единбург.

Сепак, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, објавија речиси идентични фотографии од војвотката на нивните официјални платформи по повод нејзиниот роденден.

Инстаграм и Твитер профилите на војводата и војвотката од Кембриџ објавија фотографија од војвотката од Сасекс, придружена со многу едноставна честитка:

– Ѝ посакуваме среќен роденден на војвотката од Сасекс!

Набргу потоа, принцот од Велс и војвотката од Корнвол објавија слична порака и слика од Меган. На сликите кои ги избраа двата парови се гледа само Меган, а нема ни трага од нејзиниот сопруг, принцот Хари, пишува „Дејли мејл“.

Слични содржини