По аферите со бомбите и партиското и бизнис прислушување, се покажа дека разузнвањето во Македонија е приватизирано злоупотребено и во функција на поединци а не во има на заштита на државните интереси. И однадвор и оддвнатре е посочено дека е потребнасериознза контрола. До тука се согласуваат сите. А кој може да го прави тоа без злоупотреба е потешкото шрашање.Еден од модулите е новата ОТА (Оперативно техничка агенција) која би можела ако проработи.
Освен што се чека на изборот на првиот човек на ОТА, се уште не се дефинирани кадрите кои ќе работат со опремата, а не се соопштува ниту дали веќе е избрана локацијата на која ќе биде сместена новата агенција. Финансиските импликации од формирањето на ОТА ќе бидат познати дури откако ќе има конечна одлука за објектот во кој ќе биде сместена и откако во целост ќе се дефинираат кадрите кои ќе бидат вработени.
Од безбедносните служби не соопштуваат колкумина од Управата за безбедност и контраразузнавање ќе бидат префрлени во ОТА, но брифираат дека е можно негодување од страна на раководството на УБК доколку од нив биде побарано да се откажат од голем број екперти инженери. УБК е подготвена да отстапи неколкумина инженери за да ги обучат новите кадри, но не и целосно да ги предадат затоа што пак УБК ке остане без кадри во кои со години вложувале. Истиот извор брифира дека, според моменталните анализи, потребно е минимум двајца инженери да заминат во ОТА.
За вмешаност во скандалот со масовното прислушување отпуштени се 4 лица од Управата за безбедност и контраразузнавање, а неофицијално уште десетина сами си дале отказ. Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во неколку наврати ја уверуваше јавноста дека повеќе не се прислушува нелегално и дека опремата за прислушување ќе остане запечатена до префрлувањето во новата ОТА.
Извори и УБК велат дека дел од опремата им е запленета како доказен материјал во судските процеси, па на тој начин и тие се без доволно опрема за да може да работат доволно ефикасно на контраразузнавањето.
Останува неизвесно дали ќе се најде локација и кадровско решение за да новата ОТА профункционира во најавениот рок.
ВО меѓувреме останува да виси и ефикасноста и организацијата на работата околу разузнавањето и контраразузнавњето особено неговата контрола.