164
Украинското Државно истражно биро (ДИБ) соопшти дека во притвор е заменик-градоначалникот на Херсон под обвинение за соработка со Русија.
Весникот „Украинска правда“ го идентификуваше уапсениот како Владимир Пепел.
„Службениците на ДИБ, во тесна соработка со обвинителите, го приведоа заменик-градоначалникот на Херсон. Тој е обвинет за колаборационизам“, наведе бирото на својот профил на Телеграм.