Заменик-министерката за финансии Ширет Елези присуствуваше на 12. Конференција на УНКТАД за управување со долгот, што се одржува во Женева на секои две години и претставува форум за размена на искуства меѓу владите, меѓународните организации, академијата, приватниот сектор и граѓанското општество за тековните прашања од областа на јавните финансии и управувањето со долгот.
На конференцијата учествуваат министри за финансии и претставници од над 100 држави.
Оваа година, Конференцијата ќе се осврне на важни прашања како што се неодамнешните иницијативи за транспарентност на долгот, политиките за поддршка на долгорочната одржливост на долгот, тековните трендови во разоткривањето на должничките кризи во земјите во развој, како и улогата на меѓународната заедница во зајакнување на управувањето со долгот.
Конференцијата ја отвори заменик – генералниот секретар на УНКТАД, Изабел Дурант. Предвидени се обраќања на експерти, академици, претставници на национални институции, како и на меѓународни и регионални организации и невладиниот сектор.