Заменик шериф ранет во глава: Напаѓачот од заседа отворил оган на полициска станица, па побегнал (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
158 прегледи

Заменик шерифот во градот Пасо Роблес во Калифорнија вчера бил ранет во главата, а надлежните тврдат дека напаѓачот кој отворил оган кон полициската станица од заседа, успеал да избега, пренесе АП.

Истражните органи објавија дека во полициската станица е отворен оган во раните утрински часови во средата, дека заменик шерифот возвратил против напаѓачот, но тој бил погоден во размена на оган, а потоа бил хоспитализиран и е во тешка состојба.

Нешто подоцна, само неколку блока од канцеларијата на шерифот, полицијата го пронајде безживотното тело на маж (стар околу 40 години) убиен со огнено оружје од непосредна близина и објави дека убиството е поврзано и со нападот врз канцеларијата на шерифот.