Вистинскиот пристап е да не тргуваме со нашите односи со ЕУ и Северна Македонија, изјавил заменик-спикерот на бугарското Народното собрание од партијата „Продолжуваме со промената“, Мирослав Иванов.
Според него, партиите мора да останат во рамките договорени во коалицискиот договор.
-Да го прошириме дијалогот со Македонија. Треба да ја зајакнеме нашата економска соработка, како што неколкупати спомена премиерот, за конечно да ја изградиме оваа железничка линија Скопје-Софија, а можеби и да размислиме за отворање авионска линија, потенцира Иванов.
-Поставувањето услови и стискањето на рацете на ЕУ не е вистинскиот пристап. Мора да го задржиме добриот тон, нагласува Иванов, објавија бугарските медиуми.