348
Легендарниот кантри музичар Кени Роџерс, кој стои зад хитовите „The Gambler“ и „Lady“, починал на своја 81-годишна возраст.
Тој починал мирно, во својот дом, од природна смрт, опкружен со своето семејство и најсаканите, соопштува неговата матична продукција SKH Music.
Поради пандемијата, нема да има јавна комеморација, а погребната церемонија ќе се одржи приватно, во кругот на најтесното семејство, без присуство на медиуми.