Заминал во кафеана, иако имал решение за домашна изолација

од Nikola Popovski
243 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 39-годишниот Ј.С. од село Горенци, Охридско заработил кривична пријава за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.

Како што информира СВР Охрид тој, не ја почитувал одлуката за да биде во самоизолација.

„На 13 март 2021 година, пријавениот бил затекнат во угостителски објект во Охрид, со што не се придржувал кон издаденото решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, велат од полицијата.