Шпански научници открија дека замрзнати примероци од сперматозоиди можат и понатаму да се употребуваат по изложување на симулиран вселенски лет. Малото прелиминарно истражување кое беше презентирано пред Европското здружение за човечка репродукција и ембриологија во Виена, ги прикажа римероците од човечки сперматозоиди изложени на микрогравитација.
При микрогравитација, која понекогаш се нарекува и нулта гравитација, постојат ограничени ефекти на гравитацијата и објектите се чинат бестежински. При истражувањето биле анализирани концентрацијата, виталноста, морфологијата и фрагментацијата на ДНК на сперматозоидите.
Истражувачите откриле дека речиси нема разлика меѓу контролните сперматозоиди на Земјата и тие кои биле изложени на микрогравитација. Притоа, тие одлучиле да користат замрзнати сперматозоиди затоа што зрачењето може да влијае на одржливоста на свежите примероци.
Експертите од Барселона, која го направија истражувањето, нагласуваат дека студијата е прелиминарна и дека треба да се прават понатамошни испистувања. Тие сега ќе почнат да анализираат поголеми примероци при подолги периоди на микрогравитација и ќе користат свежи сперматозоиди наместо замрзнати./Иновативност