Заниоло казнет поради навреди кон Лацио

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Фудбалерот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло е казнет поради навреди кон Лацио, пренесува Football Italia.

За време на славеничката парада во чест на освојувањето на Конференциската лига, фудбалерот со мегафон во рака од покривот на автобусот скандираше навреди кон градските ривали на „волците“.

Адвокатите на Рома не ги оспорија обвиненијата, туку се договорија. Така Заниоло и клубот ќе платат казна од по 4.000 евра. Парите ќе одат во хуманитарни цели.

Рома го победи Феенорд со 1-0 во финалето на Конференциската лига во мај. Стрелец на единствениот гол беше токму Заниоло.

Слични содржини