Западните медиуми, како што пренесе Спутник, се зачудени што рускиот претседател на неодамнешните избори го поддржале 80 отсто од младите меѓу 18 и 24 години.

Порталот пренесува дека во некои американски, британски и австралиски весници се појавија текстови во кои е наведено дека „ни младината повеќе не е она што беше“. „Wallstreet journal“ пренесува дека популарноста на Путин била најголема токму кај „интернет генерацијата“, младината меѓу 18 и 24 години.
Новоизбраниот претседател го поддржуваат дури 86 отсто од популацијата, што ги урна досегашните шаблони за тоа како треба да размислува и резонира оваа група на руското општество.
Американските новинари дури објавија и серија интервјуа со млади Руси и сфатиле дека тие ценат други вредности во однос на генерацијата на своите родители. Исто така, младите Руси не веруваат во револуција и насилна смена на власта, туку во еволуциони промени кон подобро.
„Путиновата популарност е неопсорна, особено меѓу малдите луѓе“, констатира воедчкиот австралиски весник „Australian“, додека британски „Daily telegraf“ пишува дека „руската“ генеравија на Путин е поприврзана на Кремљ од нивните родители.
Затоа тие меидуми ја нарекоа оваа популација „путинејџери“.