271
Во текот на ноќта, непознати лица запалиле паркиран автомобил во Солун, а според грчките медиуми, возилото е во сопственост е на турски дипломат од Конзулатот на Турција во Солун.
Според истите информации, предизвикана е материјална штета во задниот дел на автомобил.
Од противпожарната служба на Грција информираат дека во гаснењето на пожарот интервенирале шест пожарникари со две возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Car reportedly belonging to #Turkish #diplomat set on fire in #Thessaloniki #Greece pic.twitter.com/nC19n5F390
— Ruptly (@Ruptly) December 23, 2019