55
Доцна синоќа околу 02.00 часот било пријавено дека во угостителски објект во Прилеп кој се наоѓал на ул.„Архиепископ Доситеј“, било влезено на сила и притоа бил предизвикан пожар во внатрешноста на објектот.
Во пожарот биле оштетени ѕидовите и дел од инвентарот.
Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијналната противпожарна единица Прилеп.
-Увид бил извршен, за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од прилепската полиција.