Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.
Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.
За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
– Оштетено е едно возило ,,голф” четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот.