Запечена мусака со пилешко и јогурт

од desk2
416 прегледи

Со малку месо направете богато јадење за целото семејство!

СОСТОЈКИ:
1,5 кг компири
400 мл јогурт
200 мл вода
350-400 гр пилешко бело месо
3 лажици брашно
3 јајца
150 мл масло
2 лажички сув зачин
сол
бибер
1/2 веза магдонос
1 свежа пиперка

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ситно исечкајте кромид, па пропржете го на масло. Додајте на коцки исечкано месо, вода и крчкајте околу 2 минути.
Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови, па додајте месо и кромид. Зачинете и добро измешајте. Префрлете во тепсија, прекријте со фолија или поклоп и печете во загреана рерна на 240 степени околу 20 минути. Извадете од рерна па прелијте со прелив.
За преливот, разматете јајца со јогурт и брашно, па посолете. Прелиеното јадење вратете го во рерна на десетина минути додека фино не порумени. Послужете со салата или туршија.
Добар апетит!