Направете нешто повкусно од деликатес, мезе за кое нема заборав.

СОСТОЈКИ:
200 гр. сирење на кришки
4 маслинки без семки
3 домати
2 чешни лук
1 лажиче шеќер
5 лажици масло
8 препечени кришки леб
ПОДГОТОВКА:
Се редат на големо парче фолија парчињата сирење, па се става масло и бибер.
Се печат убаво на загреана рерна на 180 степени 10 минути.
Се загрева масло во тава се става лук и маслинки, домати сечени и шеќер и се прави сос.
Се вари додека не згусне, па се сервира сирењето со сос и леб.
Добар апетит!