Запленет автобус на возач без лиценца кој се движел од Скопје кон Истанбул

од Берта Китинска
389 прегледи

Денеска (19.12.2021) околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија, информираат од МВР.

Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци.