Запленет кокаин, приведени две лица од Велес

од Берта Китинска
285 прегледи

Вчера во попладневните часови на автопатот Скопје-Велес, пред наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, го лишиле од слобода Д.К.(24) и А.А.(31), двајцата од Велес, бидејќи при преглед извршен на патничко возило џип „ауди“, управувано од Д.К., каде како сопатник бил А.А. , и личен преглед бил пронајден кокаин, информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Велес, против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Слични содржини