Запленети 55 килограми кокаин во Италија, уапсен Албанец

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Италијанската полиција уапси албански државјанин (30) во чиј автомобил се пронајдени 55 килограми кокаин.

Апсењето се случило во понеделникот во северниот град Варезе.

Дрогата е пронајдена во багажникот, спакувана во 50 пакети и на нив пишувало „коронав“, пренесува „Танјуг“.

Следувале претреси во повеќе куќи, при што полицијата открила 1.500 евра и четири грама марихуана, пренесува порталот quicomo.it.

Слични содржини