280
Полициски службеници, синоќа во 19:50 часот на ул. „Самуилова“ во Скопје, запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас, и при преглед на возилото пронашле 749 пиротехнички средства.
Како што соопштуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.