„Запнаа“ преговорите меѓу Донарума и ПСЖ: Под знак прашалник останувањето на Италијанецот

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Џанлуиџи Донарума стои меѓу стативите на Пари Сен Жермен од летото 2021 година, кога како слободен играч од Милан се пресели во редовите на најчестиот шампион на Франција во последните години, но прашање е до кога ќе остане на „Паркот на принцовите“.

Тој е во преговори околу продолжувањето на договорот со „светците“, но тие не напредуваа многу, бидејќи се појавија одредени проблеми, а тоа го потврди и неговиот менаџер Енцо Раиола во изјава за италијански „Радио Спортива“.

„Неговата иднина во ПСЖ? Во период на размислување сме, ќе видиме што ќе се случи. Се е можно. Преговорите во моментов се во мирување“, гласи одговорот на прашањето дали Донарума ќе остане во најбогатиот клуб од француската лига 1.

Од истото место немаше никакво објаснување за моменталната ситуација околу односот на играчот и клубот, додека медиумите во двете земји шпекулираат дека голманот е незадоволен што не му е загарантирано стартерско место, бидејќи е доведен Матвеј Сафанов.

Поранешниот голман на Краснодар го искористи секое отсуство на Донарума, како во првенството, така и во Лигата на шампионите, па Италијанецот наводно се плаши да не загуби или веќе го загубил претходниот статус.

На пример, Русинот сигурно ќе брани на неделниот натпревар од Купот на Франција со Ленс, бидејќи Донарума се справува со последиците од судир со играч на натпреварот против Монако, кога тешко се повреди во пределот на лицето.

Слични содржини