Запнаа преговорите меѓу Израел и Хамас за примирје во Газа

Главните пречки се начинот на дистрибуција на хуманитарната помош во текот на примирјето и израелското одбивање да ја повлече војската од окупираните делови на Газа.

од desk2
12 прегледи

Преговорите помеѓу Израел и Хамас во Катар за ново примирје и размена на заложници запнаа на третиот ден, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на палестински функционер запознат со содржината на преговорите.

Според него, главните пречки се начинот на дистрибуција на хуманитарната помош во текот на примирјето и израелското одбивање да ја повлече војската од окупираните делови на Газа.

Истовремено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отпатува во САД, а надежите за постигнување договор пораснаа после неговиот втор, ненајавен, состанок со претседателот на САД доцна синоќа.

Нетанјаху денеска објасни дека разговорот со Трамп бил сосредоточен на напорите за ослободува на израелските заложници што Хамас уште ги држи во Газа.

„Нема да попуштиме ни за момент. Нашите цели се јасни: ослободување на сите заложници – живи и мртви – и уништување на војната и раководната способност на Хамас, за Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел.

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф вчера рече дека на преговорите во Катар останала само една отворена точка и дека е можно решение, но денешниот ден донесе студент туш за надежите. Палестинскиот извор за Би-Би-Си вели дека израелската делегација одбива да овозможи неограничен внес на хуманитарна помош од страна на ОН и други меѓународни организации. Наместо тоа, Израел инсистира да се користи Хуманитарната фондација за Газа (GHF), која всушност е и параван за приватни фирми за безбедност, и со која се заобиколува УН.

Главните точки на преговорите се: 60-дневно примирје во кое Хамас во етапи ќе предаде 10 живи и 18 мртви заложници, а Израел за возврат би ослободил голем број палестински затвореници.

Исто така, се разговара за значително зголемување на хуманитарната помош за Газа.

Предвидено е и на првиот ден на примирјето, по враќањето на 8 живи заложници, израелските сили да се повлечат од делови на северна Газа. По седмиот ден од примирјето, би дошло и до повлекување од делови на јужна Газа…

Но додека преговорите траае, израелската војска продолжува со воздушни напади врз Газа.

Слични содржини