Во Италија, новиот делта сој на коронавирусот притиска сè повеќе, за една недела, од 21 до 27 јули, бројот на заразени се зголеми за 65 проценти, бројот на смртни случаи за 46 проценти, бројот на сместени во болница за 35 проценти, а бројот на кревети на интензивна нега за 15 проценти.
Ова се денешните податоци објавени од Фондацијата за набљудување на бројките од Ковид-19 (Гимбе) со заклучок идентичен со оној на санитарните власти, а тоа е дека „започна четвртиот бран на Ковид-19“.
Доказ што го потврдува тоа се податоците дека вчера бројот на позитиви се искачи на 6.171, а пред точно еден месец, на 30 јуни, имаше само 776, а во јули започна галопот, особено по собирањето и гледањето на натпреварите за Европското првенство .
По 15 недели во кои се намали бројот на жртви, тој сега започна да расте, во последната недела 111.