Започна испитувањето на комбинираната руско-британска вакцина

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Започнаа испитувањата за комбинација на вакцината против коронавирус на рускиот „Спутник V“ и британската „АстраЗенека“, беше соопштено на профилот на руската вакцина на Твитер.

Креаторите на руската вакцина истакнуваат дека имунитетот, кој се формира по примањето на првата доза на вакцината на „АстраЗенека“, ја прави втората доза неефикасна (55 отсто ефикасност), или треба да се чека три месеци меѓу примањето на двете дози.

Вакцината „Спутник V“ го решава овој проблем со користење на две различни дози.

-Употребата на компонентите на вакцината „Спутник V“ како втора доза за вакцината на „АстраЗенека“ ќе овозможи да не се чека три месеци. Клиничките испитувања на тој пристап веќе се започнати“, велат креаторите на руската вакцина.

Потсетуваат дека рускиот тим им предложи на „АстраЗенеки“ и на другите креатори на вакцини, чијашто ефикасност е помала од 90 отсто, да користат комбинација од нивната вакцина со „Спутник V“.

Претходно беше објавено дека Азербејџан издаде дозвола за спроведување на првото испитување во светот на комбинација на вакцини против коронавирусот – рускиот „Спутник V“ и британската „АстраЗенека“.

Центарот „Гамалеја“, компанијата „АстраЗенека“, РФПИ и руската фармацевтска компанија „Р Фарм“ на 21 декември потпишаа меморандум за соработка. Документот предвидува соработка во развојот и спроведувањето на програмите за клиничко испитување за да се оцени комбинираната употреба на една од компонентите на вакцината „Спутник V“ и една од компонентите на вакцината AZD1222 развиена од „АстраЗенека“ заедно со Универзитет во Оксфорд. Тоа е првото испитување во светот на комбинирана вакцина.

Слични содржини