Во американскиот Сенат започна второто судење за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Ова, на многу начини историско судење, ќе биде обележано со фактот дека ова е првпат поранешен претседател да се соочи со лишување од функцијата.
Иако се нарекува судење, овој процес во Сенатот не е од правен, туку од политички карактер.
Потсетуваме, во немирите на 6 јануари во Капитол Хил беа убиени шест лица, а на Трамп му се суди за поттикнување бунт.
Денес, Сенатот ќе расправа дали ова судење е уставно, имајќи предвид дека Трамп повеќе не е претседател на Соединетите држави. Со ова судење ќе претседава најстариот демократски сенатор, Патрик Лихи.
Според Си-Ен-Ен, има малку шанси Трамп да биде прогласен за виновен. Потребни се најмалку 17 гласа на републиканците, а 45 од 50 веќе гласаа судењето да се прогласи за неуставно.