Започна седницата на Генералното собрание на ОН на која ќе се гласа за резолуцијата за Сребреница

од Илинка Илиоска

Во Њујорк почна седницата на Генералното собрание на ОН  на која ќе се гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Резолуцијата го прогласува 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница беше предложена од Германија и Руанда, а спонзорирана од уште 34 земји, пренесе Бета.

Покрај предлагачите Германија и Руанда, спонзори на резолуцијата се: Албанија, Австралија, Австрија, Бангладеш, Белгија, БиХ, Бугарија, Чиле, Данска, Естонија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Ирска, Исланд, Италија, Јордан, Канада, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малезија, Маршалските Острови, Норвешка, Нов Зеланд, Полска, САД, Северна Македонија, Словенија, Шведска, Турција, Велика Британија и Вануату.

Нацрт-резолуцијата потсетува на пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои злосторството во Сребреница го оквалкификуваа како геноцид. Исто така, се потсетува дека во 2025 година се одбележуваат 30 години од геноцидот во Сребреница во кој во 1995 година загинаа најмалку 8.372 животи.

Србија на Генералното собрание на ОН ја претставува претседателот Александар Вучиќ.

Слични содржини