747
Собранието денеска ја почна 141-та седница со единствена точка на дневниот ред избор на влада на Република Северна Македонија. Дневниот ред беше изгласан со 67 гласови „за“, без против и воздржан. Во салата има регистрирано 108 пратеници.
Талат Џафери, мандатарот на оваа преодна влада која се формира на сто дена пред изборите на 8 мај, вчера ја достави програмата и Предлог-составот на новата влада.
Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.
Собранието ја избира владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.