Започна скринингот за утврдување на имунолошката состојба на населението во земјата

од Берта Китинска
321 прегледи

Во центарот на Скопје на улица „Македонија“ во тек е скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.

Скрининг-тестирањето во поголемите градови, пак, ќе се прави во текот на следната недела.

„Со резултатите од другите градови ќе направиме еден пресек после сите овие бранови на коронавирусот и после вакцинацијата какво е нивото на имунитетот на ниво на Македонија, додека пак со оние испитаници од Скопје ќе направиме споредба какво било лани пред вакцинацијата, оваа година, со вакцинацијата и сите бранови на коронавирусот. Пред да ги вклучиме испитаниците им даваме прашалник за тоа дали се вакцинирани, со која вакцина се вакцинирани, дали имаат прележано еднаш, неколку пати, кога било тоа и на тој начин ќе направиме една статистичка обработка на податоците и ќе излеземе со соодветните резултати“, вели Теодора Брњарчевска од Институтот за имунобиологија и хумана генетика.

Слични содржини