Започна средбата на Вучиќ со европските претставници

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел се сретна со европски претставници. Средбата започнала околу 14 часот и 40 минути, јавува новинар на „Танјуг“.

Според претходните најави, Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Предвидени се и средби со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијансата премиерка Џорџа Мелони.

Слични содржини