Започна црната спонзорирана кампања против СДСМ: На мета е пратеникот Костадинов (ФОТО)

од Nikola Popovski
351 прегледи

Иако изборната кампања се уште не е официјално почната, започна црна кампања на социјалните мрежи од најголемата опозициска партија. На Фејсбук страниците „Беда“ и „Луда Комуњара“, е споделена фотомонтирана фотографија од пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, кој наводно држи постер во кој пишува:

„На избори заокружи НЕ затоа што крадеме и на вакцини и тоа дупло“, во друга спонзорирана објава содржината на текстот гласи: „На избори заокружи НЕ затоа што ве лажам, ве крадам, ви се смеам у фаца и ич к*р не ме боли“.

Меѓу Фејсбук корисниците што учествуваат во ширење на оваа црна политичка пропаганда поткрепена со фотомонтажа, е ФБ профил на извесна Мартина Глигоровска. Според објавените содржини на овој Фејсбук профил, може да се заклучи дека се работи за подржувач на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Таа, истите содржини од Фејсбук страниците Беда и Луда Комуњара, ги споделува масовно и на други ФБ групи и страници, меѓу кои се ФБ групите и страници „За МАКЕДОНИЈА се работи“, „Силна Македонија“, „Здраво Македонијо 7“, „Владеење на СДС – национална катастрофа за Македонија“, „СДСМ лузери“ итн.

Во коментарите под објавите, можат да се прочитаат навредливи зборови, со експлицитен говор на омраза:

Слични содржини