Започнаа со работа воспитните групи во сите градинки на територијата на Општина Бутел

од Vladimir Zorba

Со музичко-сценски перформанс на најмалите беше одбележан почетокот со работа на воспитните групи во сите градинки на територијата на Општина Бутел.

“Огромно внимание посветуваме за воспитно-обарзовниот процес во претшколската возраст. Задачата на дечињата е тие да бидат весели и среќни, додека возрасните треба да го направат нивното детство да биде безгрижно.”, рече Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Најмалите се претставија со изведување на претставата под наслов „Писмо до кралот“, која е двојазична, на македонски и на албански јазик.

Слични содржини